Малку се и знаците дека ситуацијата е значително подобрена и дека денес овие места би поминале полесно ако се повтори нешто слично на „илјадагодишото невреме“ што ја погоди Скопската Котлина. Голите падини на Скопска Црна Гора, низ кои тргнаа огромни наноси кал кон куќите, не се пошумени. Дел од каналите се исчистени, дел се обраснати и наполнети со ѓубре, а на некои места се покриени со бетонски мостови, кои локалните жители самите ги направиле за да си ги прошират дворовите
Речиси нема знаци во Синѓелиќ, Ченто, Стајковци, Арачиново и околината дека пред десет години, вечерта на 6 август 2016 година, беа погодени од најтешката поплава што се памети во земјава, која однесе 22 животи и предизвика штета од над 30 милиони евра, пишува „Призма“ во својата сторија „Десет години од скопската поплава: Ненаучените лекции“, објавена по повод годишнината од големата поплава во Скопско.

Оштетените куќи главно се поправени или урнати, улиците се санирани, калта е одамна исчистена. Oстануваат само сеќавањата на мештаните, кои раскажуваат како за неколку минути надошла вода на улиците од два метри, и ако некој случајно се симнал во подрумот во тој момент, веќе не можел да се качи.
Но, малку се и знаците дека ситуацијата е значително подобрена и дека денес овие места би поминале полесно ако се повтори нешто слично на „илјадагодишото невреме“ што ја погоди Скопската Котлина. Голите падини на Скопска Црна Гора, низ кои тргнаа огромни наноси кал кон куќите, не се пошумени. Дел од каналите се исчистени, дел се обраснати и наполнети со ѓубре, а на некои места се покриени со бетонски мостови, кои локалните жители самите ги направиле за да си ги прошират дворовите.
Санирана беше и штетата на коловозот од скопската обиколница. Но, предупредувањата на експертите дека нејзиниот дизајн придонел да се влошат последиците беа игнорирани.
Целата сторија прочитајте ја на следниот линк.
