Претседателот Александар Вучиќ кажа дека е задоволен од реакцијата на полицијата која се судри со демонстрантите, додека министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, посочи дека 13 полицајци се повредени, а оштетени се 18 полициски возила
Синоќа, по 2:30 часот наутро, полицијата почна да ги пушта студентите и граѓаните во групи од зградата на Ректоратот во Нови Сад. Приведени се неколку студенти, кои со марици се однесени во полициската станица „Стари град“, а уапсен е и еден лекар кој бил дел од медицинскиот тим на студентите.
Норберт Шинковиќ, професор на Филозофскиот факултет, за „Н1“ изјавил дека студентите и граѓаните се засолниле во Ректоратот откако полицијата интервенирала со голема количина солзавец.
Вчеравечер во Нови Сад се одржа протест „Србија, дали се слушаме?“. Илјадници граѓани присуствувале на собирот, а кон крајот, Министерството за внатрешни работи на Србија издало предупредување по наводни информации дека полицијата ќе биде нападната.
Граѓаните, на покана на студентите, се собрале пред зградата на Филозофскиот факултет, која е заземена од лојалистите на Вучиќ 10. ден по ред. Пред зградата ималo тепачка помеѓу неколку маскирани лица и полицијата, кои потоа возвратиле со брзи и масовни напади.
Полицијата потисна сè пред себе, многу граѓани беа повредени, беа употребени хемиски средства, јавува „Н1“.

Претседателот Александар Вучиќ кажал дека е задоволен од реакцијата на полицијата, додека министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, посочи дека 13 полицајци се повредени, а оштетени се 18 полициски возила.
Претходно, претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, пак, на социјалните мрежи напиша дека е особено лицемерно што некои членови на Европскиот парламент се на протестот во Нови Сад.
It is particularly hypocritical that a Member of the European Parliament @europeanparliam, Rasmus Nordqvist from Denmark, as well as Vula Tsetsi from Greece, co-chair of the @europeangreens, are present this evening in Novi Sad at violent protests. These are people who lecture us… pic.twitter.com/mprxR7tKty
— Ana Brnabic (@anabrnabic) September 5, 2025
Протестите на студентите, првично предизвикани од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 луѓе, прераснаа во барања за предвремени избори.