Седуммина од приведените се од Тетово, двајца во Кичево и по еден случај во Куманово, Делчево и Битола
Полицијата во текот на изминатото деноноќие лишила од слобода 12 лица низ целата територија на државата поради безобѕирно управување со моторно возило.

Според податоците објавени денеска од Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршителите, односно седуммина, биле фатени како возат без возачка дозвола. Од дванаесетте приведени, шестмина се од Тетово, два случаи во Кичево и по еден во Куманово, Делчево и Битола, додека еден возач е повикан на службен разговор во полициската станица во Свети Николе.
Дополнително, четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен биле санкционирани бидејќи управувале возило под дејство на алкохол, a во Скопје и во Струга полицијата открила двајца возачи кои возеле и покрај активните мерки за забрана за управување со патничко возило.
Од МВР велат оти против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, а истовремено апелираат да се почитуваат правилата и прописите.
