Кај приведените е пронајдено и оружје
Во скопско Илинден, синоќа во 22.00 часот, полициски службеници од полициското одделени – Петровец ги лишиле од слобода А.Н.(24) од населба Илинден и А.М.(23) од село Марино, скопско.
Тие се сомничат дека околу 10 часот на железничка станица во Илинден со закана одзеле пари и мобилен телефон од А.Х.(29), Н.К.(21), В.У.(19) и еден малолетник, сите од Авганистан.
Кај нив биле пронајдени два пиштоли ЦЗ 99 калибар и две рамки со 10, односно 15 куршуми 9 мм. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од МВР.