Службеници од Полициската станица на Граничниот премин „Богородица“ утрово околу 05 часот на магистралниот пат кај село Смоквица и кај клучка Демир Капија, ги лишија од слобода И.С. (31) и А.М. (30), двајцата од Скопје.
„При преглед во патничко возило „Ауди“, со битолски регистарски ознаки, во кое се превезувал И.С., биле пронајдени 14 лица мигранти (13 од Сирија и еден од Пакистан). При прегледот тој се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Додека, А.М. бил запрен со неговото возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, поради сомнение дека помагал во извршување на делото“,
се наведува во соопштението од МВР.

Претходно, кај село Удово двете возила не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу на крстосницата за село Смоквица бил запрен А.М. со неговото возило, а малку подоцна кај клучката Демир Капија бил фатен и И.С..
Двете лица, како што информираат од МВР, биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.