Четири лица се приведени во текот на вчерашниот ден поради сомнение за кривично дело поткуп при избори и гласање. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 15 октомври 2021 околу 19 часот, на подрачјето на полициска станица Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од Кривичниот законик – поткуп при избори и гласање.
Од страна на полициски службеници приведени се Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. (50) и Ј.М. (35).
„Кај приведените се пронајдени 121 000 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка“,
велат од Министерството за внатрешни работи.