Лицата се на возраст од 19, 20, 24 и 26 години, од селото Врбовец
И покрај забраната за движење во шума, четворица крушевчани на возраст од 19, 20, 24 и 26 години, од селото Врбовец со автомобил биле затекнати во шумски предел. Настанот се случил пред два дена околу 21 часот, на место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.