Таа била пријавена на 14 март од сопственичките на трите стана, информираа денеска од МВР, каде што повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголемо количество златен накит
Скопјанка со иницијали М.А. (45) вчера е приведена под сомнение дека во изминатиот период извршила кражби во три стана во Скопје каде што била ангажирана за чистење, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960 000 денари.
Таа била пријавена на 14 март од сопственичките на трите стана, информираа денеска од МВР, каде што повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголемо количество златен накит.
„На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките. М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“,
појаснуваат од МВР.