При преглед на ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана, велат од МВР
Во ученички ранец на 17-годишна девојка полицијата вчера пронашла марихуана.
Во полицискиот извештај се наведува дека претресот бил извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Општина Кисела Вода.
„На 09.11.2023 во 18:30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана“,
се вели во соопштението од МВР.
Со малолетничката, додаваат од МВР, во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.
„Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
додаваат од МВР.