Бебето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош

Дваесет и тригодишна жена од Кавадарци утринава е приведена под сомнение дека го нападнала своето шестмесечно бебе, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Жената, како што додаваат од МВР, се сомничи дека половина час по полноќ во семејниот дом физички го нападнала бебето.
Бебето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што најавуваат дека ќе следува соодветна пријава.
