Одземениот накит, како што информираат од полицијата, ѝ е вратен на сопственичката
Приведена е жена што е осомничена дека извршила кражба на златен накит во вредност од 9 000 евра во куќа во гостиварското село Градец, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 22.12.2025 година во 10 часот во гостиварско Добридол е лишена од слобода М. С. (45) од селото Калиште. Се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во селото Градец во сопственост на Х. А. (49), каде одзела златен накит во вредност од околу 9 000 евра“,
се вели во полицискиот билтен.
Одземениот накит, како што информираат од полицијата, е вратен на сопственичката.
Осомничената е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
