46-годишното лице било затекнато како со запалка пали сува треба на отворен простор
Синоќа во велешкото село Горно Оризари, полициски службеници го привеле 46-годишниот Е.Л., кој со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што избувнал пожар. Веднаш по избувнувањето на пожарот на терен интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, која успеала брзо да го локализира и изгасне огнот.

Осомничениот бил приведен во полициската станица, а за случајот бил информиран јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи информираат оти по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, од 15 пожари на отворен простор, колку што имало во текот на денешниот ден на територијата на државата, до вечерва, заклучно со 18:30 часот, активен е само еден, кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола, според ЦУК, се ставени три пожари, а 11 се изгаснати.