Против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, односно за безобѕирно управување со моторно возило, информираат од МВР
Четириесет и седумгодишен тетовец синоќа во алкохолизирана состојба предизвикал сообраќајна несреќа во градот, во која за среќа нема настрадани лица и е причинета само материјална штета.

При преземањето мерки во врска со сообраќајката, полициските службеници кај Ј.С. измериле 3,94 промили алкохол во крвта.
Тој, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, е задржан во полициска станица и по документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, односно за безобѕирно управување со моторно возило.
Според МВР, лицето било лишено од слобода ноќеска во 1:30 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово од службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај откако претходно со неговото возило, марка „форд“, со тетовски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна несреќа со возило „ауди“, со хрватски национални ознаки.
