Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе има соодветен поднесок
Педесет и петгодишен жител на гостиварското село Градец вчера е лишен од слобода поради сомнение дека предизвикал пожар.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), 55-годишниот С.Б. на гробиштата во селото запалил сува трева и предизвикал пожар.
„На 29.8.2024 во 14 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од село Градец, Гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото предизвикал пожар со палење на сува трева“,
се вели во полицискиот извештај.
Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе има соодветен поднесок.