Tриесет и едногодишен маж од гостиварско село е приведен во полиција, бидејќи се сомничи дека во изминатите два месеца во повеќе наврати, од куќата на својот татко одзел златен накит.
Како што соопшти МВР, тој е приведен од полициски службеници на СВР Тетово, а накитот што го украл е во вредност од 50 до 60 илјади евра.
Златниот накит бил сопственост на неговата сестра, а приведениот М.А. го продавал на други лица. Кражбата ја пријавил неговиот татко.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.