Полицијата рано изутрината во 1 часот го лишила од слобода К.В.(27) од Тетово, откако го пронашла во мотел во градот.
Тој се сомничи дека на 18 февруари 2022 година околу 21 часот со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.
„При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
соопшти полицијата.