Освен пиштолот, лицето кое е приведено со себе носело и две рамки со куршуми
На подрачје на Бит Пазар вчера попладне полициски службеници од СВР Скопје привеле 27 годишен скопјанец кој во себе имал пиштол и го поседувал без дозвола.
Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, лицето излегло од возилото и почнало да бега. Но бил фатен, при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм кои ги поседувал без дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот, како што се посочува, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.