Осуммина биле затекнати синоќа во 21.30 ч. во угостителскиот објект
Поради непочитување на законските прописи и ковид-протоколите, синоќа е приведен во полиција и сопственик на угостителски објект во тетовска Мала Речица.
Полициски службеници од СВР – Тетово и Државниот пазарен инспекторат, синоќа во 21:30 часот, при извршена контрола на угостителски објект во с.Мала Речица, сопственост на С.Ј.(54), констатирале непостапување по здравствени прописи за време на епидемија, при што во објектот имало осум лица.
Државниот пазарен инспекторат го затворил објектот, а сопственикот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.