За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар
Дваесетгодишен сопственик на угостителски објект во гостиварското село Неготино синоќа е приведен во полициска станица, откако при контрола во 21:50 часот е утврдено дека работи и покрај забраната, а во помошните простории се откриени седум жени, од кои четири албански државјанки кои го злоупотребиле престојот во земјава.
„При извршената проверка во една од помошните простории биле пронајдени седум женски лица, од кои неколку албански државјанки. Во 22:15 часот поради злоупотреба на туристички престој, албанските државјанки биле приведени во полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Во 23:20 часот сопственикот на објектот С.Т. бил лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘непостапување според здравствени прописи за време на епидемија’“,
соопшти МВР.
Од увидна екипа бил извршен увид во внатрешноста на објектот, како и во подземната просторија во која биле скриени странските државјанки. За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.