По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава од Кривичниот законик за безобѕирно управување на моторно возило
Приведен е дваесет и деветгодишен битолчанец што на автопатот Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, управувал возило марка „бе-ем-ве“ со 197 километри на час на место каде што е дозволена брзина од 80 километри на час.
Лицето е сопрено од полицијата при радарска контрола на патниот сообраќај.

„На 14 јули во 18:10 часот на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Неготино го лишија од слобода С.Р. (29) од Битола бидејќи констатирале дека управувал патничко возило ‘бе-ем-ве‘ со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 80 километри на час“,
се вели во полицискиот извештај.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава од Кривичниот законик за безобѕирно управување на моторно возило.