Според МВР, лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување на моторно возило
Полицијата вчера приведе возач што на патот Прилеп-Крушево, кај местото Стопанство, управувал камион марка „дачиа“ со 121 километар на час на место каде што е дозволена брзина од 50 километри на час.

Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување на моторно возило.
„Вчера во 10:00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје на патот Прилеп-Крушево, кај место викано Стопанство. Констатирано е дека С.А. управувал товарно возило ‘дачиа‘ со скопски регистарски таблички со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час“,
се вели во полициското соопштение.