Четирите државјанки на Непал, од кои три се на возраст од 22 години, а една е на возраст од 34 години се пронајдени во возило кај селото Франгово, на магистралниот пат Струга – граничен премин ‘Ќафасан‘
Полицијата приведе скопјанец откако го фати дека превезува и криумчари четири мигрантки од Непал на патот Струга кон граничниот премин „Ќафасан“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, кај местото викано ‘Борови‘ на магистралниот пат Струга – граничен премин ‘Ќафасан‘, го лиши од слобода Џ.Б. (40) од Скопје“,
се вели во соопштението од полицијата.
Се сомничи дека со неговото возило марка „ауди“ со скопски регистарски таблички врши криумчарење на мигранти.
„Во близина на возилото се забележани четири женски лица што се обидувцаа да избегаат, но веднаш се фатени. Станува збор за четири државјанки на Непал, од кои три се на возраст од 22 години, а една е на возраст од 34 години“,
соопштија од МВР.
Возачот и мигрантките се предадени во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга.
По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни пријави.