Педесет и две годишниот маж бил приведен вчера во 17:30 часот откако претходно бил пријавен од ученичка

Наставник од скопско средно училиште е приведен поради вознемирување ученичка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Педесет и двегодишниот маж бил приведен вчера во 17:30 часот откако претходно бил пријавен од ученичка.
Од МВР велат дека наставникот во периодот од 25 февруари до 2 март годинава вознемирувал 18-годишна ученичка и барал да имаат полови односи.
По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР велат дека ќе следува соодветна пријава.
