По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава
Приведен е малолетник од Куманово што бил затекнат при обид да запали бакарни кабли кај местото викано Бавчи, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 13 јули во 12 и 50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово лишија од слобода малолетник од Куманово, зашто во местото викано ‘Бавчи‘ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли“,
се вели во полициското соопштение.
Малолетникот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Изминатиот период полицијата врши засилени контроли во врска со пожарите во државата. Оттаму додаваат и дека се преземаат интензивни активности за расчистување на причините за избувнување на пожарите во државата, со цел санкционирање на сите евентуални сторители на ваквиот вид кривични дела.