Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“, денеска е приведен. Оваа информација за „360 Степени“ ја потврдуваат полициски извори. Најверојатно, Јовановски е уапсен на граничен премин, на излез од земјава. Барањето за приведување е по налог на Јавното обвинителство.
Дел од медиумите објавуваат дека апсењето е поради сомневање за рекет.
Најавена е и заедничка прес-конференција со почеток во 16:30 часот на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како и на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.