Според информациите што ги објави СВР Штип, 54-годишниот С.З. со остар предмет ја нападнал својата 84-годишна мајка, која починала од нанесената убодна рана
Педесет и четиригодишен штипјанец рано утринава е приведен поради сомнение дека околу 2 часот по полноќ во семејниот дом во Штип ја убил сопствената мајка. Според информациите што ги објави СВР Штип, 54-годишниот С.З. со остар предмет ја нападнал својата 84-годишна мајка, која починала од нанесената убодна рана.

Смртта на жената е констатирана од страна на лекар на Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител нејзиното тело е предадено на обдукција.
„Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка“,
наведуваат од СВР Штип.
Оттаму додаваат дека по целосно расчистување на случајот, против мажот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по членот 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик кој предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор за убиство при вршење семејно насилство.