При извршениот преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка
Четириесет и едногодишниот З.Н. од Охрид е приведен бидејќи е осомничен дека во атарот на охридското село Горно Лакочереј предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

Мажот бил приведен вчера попладне околу 15 часот. При извршениот преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.