Во изјава на МИА, Јанчев потврдил дека тој и неговото семејство биле цел на закани
Дваесет и деветгодишен кавадарчанец ноќеска околу полноќ е приведен поради тоа што подолг временски период на социјалните мрежи му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и на неговото семејство. Полицијата постапила по претходна пријава.

„С.М. (29) бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
соопштија денеска од СВР Велес.
Во изјава на МИА, Јанчев потврдил дека тој и неговото семејство биле мета на закани.
