Од МВР велат дека по насоки од јавен обвинител пиштолот е одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци

Денеска во 8 часот на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир имало пукање од возило во движење, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР велат дека пукањето било од возило марка „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, а куршумите биле испукани во воздух.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото каде што било пукањето и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол.
По преземените мерки бил пронајден 23-годишниот скопјанец А. Д., кој го управувал возилото од кое било пукано.
По извршениот службен разговор, од МВР велат дека А. Д. им појаснил оти пукал од гасен пиштол марка „зораки“, кој се наоѓал во неговиот дом во Чаир.
„По насоки од јавен обвинител, пиштолот е одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци“,
велат од МВР.