Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен

Основното јавно обвинителсто Скопје побара, а Судот изрече притвор за 29-годишниот неготинец, кој живеел во Германија. Тој е осомничен за две кривични дела – полов напад и силување, како и уцена.
Оттаму посочија дека осомничениот, заедно со неговата сопруга и уште една пријателка, на 2 декември излегле во ресторан во Скопје.
Таму, појаснуваат од ОЈО Скопје, пиел алкохол и консумирал дрога, па бидејќи по вербална расправија неговата сопруга заминала сама, тој се понудил да ја врати дома пријателката. Но, наместо кон нејзиниот дом, цела ноќ ја возел на различни локации во Скопје, обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.
Жената не се согласувала, меѓутоа тој ѝ се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар. Таму со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал.
Додека биле во апартманот, се јавувал со видеоповик кај сопругата и кај други лица и барал од нив да му донесат кокаин за да не ја убие оштетената.
Три дена подоцна, осомничениот ѝ ја пратил видеоснимката со експлицитна содржина на оштетената, со закани дека ќе ја објави секаде ако не му даде 2 500 евра.
„Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, осомничениот веднаш бил приведен. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Притворот се бара имајќи предвид дека постои реална опасност од бегство, а осомничениот има отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постои ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал. Судијата го прифати предлогот и ја определи притворската мерка“,
велат од Обвинителството.
За настанот вчера првично информира полиицијата, која го уапси неготинецот.
