Лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место, информираа од МВР
Скопјанец е приведен и одреден му е притвор поради сомнение за измама, откако лажно се претставил како инспектор и измамил жена од Прилеп за значителна сума пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„ОВР – Прилеп поднесе кривична пријава против М. А., 46-годишник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. На 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп за сума од 2 000 евра и 1 000 долари. Имено, лажно претставувајќи се како инспектор во странска земја, на жената ѝ соопштил дека нејзините внуци во странство направиле сообраќајна несреќа во која починало дете. Притоа, тој ѝ побарал пари за да издејствува нејзиниот внук да не оди во затвор, по што таа ги оставила парите на договореното место“,
појаснија од МВР.
По преземените мерки од страна на полициски службеници од СВР – Битола и Одделот за криминалистичка полиција, М. А. бил лишен од слобода. Од надлежен судија му бил одреден притвор.
