Мерките се определени, како што велат од Кривичниот суд, со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, Обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот што е во сопственост на двајцата осомничени
Мерки притвор и куќен притвор добија двајцата осомничени за нападот врз новинарската екипа на ТВ Алсат што се случи вчера за време на пожарот во скопско Визбегово, информираат од Кривичниот суд Скопје.
„Откако судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопчје, на осомничениот А.Н. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, а на осомничената М.К. и е определен куќен притвор“,
се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Двете лица се товарат за кривично дело – спречување на службено лице во вршење на службено дејствие.
Мерките се определени, како што велат од Кривичниот суд, со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, Обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот што е во сопственост на двајцата осомничени.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осуди нападот на екипата на Телевизија Алсат која вчера известуваше од терен за големиот пожар во Визбегово.
Според информациите со кои располага ЗНМ, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини се физички нападнати од страна на сопственикот на отпадот на дивата депонија во Визбегово, за кого се смета дека го предизвикал пожарот.
Претходно, Министерството за надворешни работи (МВР) информираше за инцидентот на местото каде што избувна пожарот во Визбегово, наведувајќи дека се врши службен разговор со лицата што се нападнати.
Поради непочитување на наредба од службено лице, како што вчера соопшти полицијата, приведен е А.Н. – сопственикот на отпадот што од утрово гори во скопско Визбегово.