Кремљ соопшти дека очекува Украина да го прифати прекинот на огнот, но предупреди дека доколку биде прекршен, руските сили ќе „одговорат соодветно и ефикасно“
Украина реагираше на предлогот на Русија за тридневен прекин на огнот следниот месец, околу Денот на победата. Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на платформата Икс изјави дека ако Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да престанат.

„Зошто да се чека до 8 мај? Ако огнот може да престане сега и да продолжи непрекинато најмалку 30 дена, тоа би покажало дека прекинот на огнот е реален, а не само за парада“,
напиша Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот.
„Тоа е она што ние постојано го предлагаме“,
напиша Сибиха.

Претходно денес Кремљ објави дека планира да ги прекине борбите во Украина од полноќ на 7 и 8 мај до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
Кремљ соопшти дека очекува Украина да го прифати прекинот на огнот, но предупреди дека доколку биде прекршен, руските сили ќе „одговорат соодветно и ефикасно“.
Русија уште еднаш ја изрази својата подготвеност за мировни преговори без предуслови.