Првата пратка од вакцини против ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија предмалку пристигна на Скопскиот аеродром.
Пратката од 3 000 дози попладнево ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.

Вакцинацијата со руските вакцини треба да почне од среда, а се очекуваа да се обезбедат вкупно 200 000 дози од „Спутник В“.
Како што претходно информираа здравствените власти вакцините се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.