Во соопштението од Обвинителството во Приштина не се наведува кои се уапсените лица, од каде се, каде се уапсени и на која локација е пронајдено оружјето
Властите на Косово уапсија пет лица осомничени за подготвување терористички напади и за илегално поседување оружје и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали.
Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија.
Обвинителството информира дека при претресот кај уапсените се откриени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон и противтенковско оружје.
„Постои оправдно сомневање дека лицата ги извршиле кривичните дела „Подготвување терористички дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ во врска со кривичното дело Вршење терористичко дело, како и кривичното дело Неовластен увоз, извоз, набавка, превоз, производство, размена, посредување и продажба на оружје и експлозивни средства“,
се вели во соопштението.
Специјалното обвинителство ќе бара притвор за петмина приведени.
Во соопштението не се наведува кои се уапсените лица, од каде се, каде се уапсени и на која локација е пронајдено оружјето.
