По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветна пријава, велат од МВР
Полициски службеници вчера околу 23 часот на регионалниот пат Градско-Неготино кај село Црвени Брегови го привеле А.Ј.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти
Како што соопшти МВР, приведениот во патничко возило „пасат“ со прилепски регистарски ознаки превезувал пет мигранти од Сирија.
По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
