Вели дека во некои од градовите каде што е детектирана злоупотреба бројката на корисници надминува сто, како Битола – 166, Гостивар – 164, Куманово – 235, Прилеп – 229, Скопје – 714, Карпош – 125, Кисела вода – 155, Чаир – 151, Шуто Оризари – 121, Тетово – 150
Досега ни се познати 2 252 исплаќања на сметките на корисници на социјална помош кои по сила на закон не треба да ја примаат. Забележана е и ретроактивна исплата на средства за повеќе месеци наназад, што отвори сомнеж во институциите под надлежност на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за труд и социјала во техничкана влада Ѓоко Велковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Министерство за труд и социјална политика сум веќе 50 дена и за овој краток период добив сознанија кои не се пријатни и не влегуваат во рамката на законското постапување. Ова не ми паѓаше на памет дека можело да се случи, а уште помалку дека било практика со месеци, а можеби и години во ова министерство. Станува збор за злоупотреба на системот за социјална заштита и незаконско и против правно исплаќање на средства за гарантирана минимална помош, народски позната како социјална парична помош и социјална пензија на лица кои не исполнуваат законски услови да ја примаат“,
рече тој.
Според него, манипулацијата е системска им како што рече, во неа веројатно биле вклучени повеќе лица, за што е започнат и вонреден инспекциски надзор, со цел да се откријат сторителите, вели Велковски, зад овој милионски криминал во МТСП.
„За појаснување на ситуацијата, се работи за над 2 200 корисници кои примиле гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, но необјасниво е како службите не постапиле, со што продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството. Да напоменам, еден од условите за остварување на правата е да се провери имотната, материјалната и социјалната состојба на корисниците, а тоа е да не поседуваат возило и приходи по други основи“,
вели техничкиот министер.
Негова цел како министер вели дека е да обзнани пред целата македонска јавност што се случувало во ресорот и да не дозволи да се случува вакви изигрување на системот.
„Инспекциските служби веќе постапуваат. По добивање на нивните извештаи ќе се обратиме до сите надлежни институции за да се лоцира одговорноста и да се преземат сите потребни мерки. Засега обвиненија нема“,
рече тој.
Вели дека во некои од градовите каде е детектирана злоупотреба, бројката на корисници надминува сто, како Битола – 166, Гостивар – 164, Куманово – 235, Прилеп – 229, Скопје – 714, Карпош – 125, Кисела вода – 155, Чаир – 151, Шуто Оризари – 121, Тетово – 150.
Велковски, вели дека според информациите на инспекциските служби, овие корисници повеќе од година дена се незаконски приматели на овие права.
„Месечната штета е 18 милиона денари. Годишно над 200 милиона денари. За сите над 2 200 корисници“,
изјави Велковски.