Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пак, дополнително се регистрирани три починати лица – две од Скопје и едно од Кавадарци. Лицата за починати се регистрирани во период од 3 до 18 октомври 2022 година
Во последното деноноќие направени се 564 теста, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19, од кои 13 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.
Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 32, Прилеп и Кавадарци – по 4, Битола – 3, Кратово – 1.
Регистрирани сe 81 оздравен пациент од: Скопје – 52, Прилеп – 10, Битола – 7, Куманово – 3, Охрид и Штип – по 2, Тетово, Велес, Струга, Радовиш и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани три починати лица – две од Скопје и едно од Кавадарци. Починатите се на возраст од 62 до 79 години, а сите се починати во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 3 до 18 октомври 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 179 129 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343 800, бројот на оздравени пациенти е 333 960, на починати е 9 559 а бројот на активни случаи изнесува 281.