На пријавителката, велат од ЦУК, ѝ било пренесено дека нема служби за фаќање змии. Оттаму ѝ посочиле дека има лица што се справуваат и заловуваат змии и кои дејствуваат на повик

Во скопската населба Гази Баба вчера било пријавено дека е регистрирана змија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На пријавителката, велат од ЦУК, ѝ било пренесено дека нема служби за фаќање змии. Оттаму ѝ посочиле дека има лица што се справуваат и заловуваат змии и кои дејствуваат на повик.
До ЦУК, на единствениот повикувачки број за итни повици – 112 пријава за змија вчера стигнала и од Прилеп.
Змијата, велат од ЦУК, била пронајдена на улицата „Мирче Ацев“. На интервенција излегле од тројца пожарникари со едно возила од Територијалната противпожарна единица – Прилеп, при што змијата била заловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.
Од Центарот за управување со кризи упатуваат апел до граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината.