Министрите за надворешни работи на Полска, Јацек Чапутович, на Летонија, Едгарс Ринкевич, на Литванија, Линас Линкевичиус и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, Март Волмер, во својство на претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска и утре се во посета на земјава, во пресрет на дискусиите во Советот за општи работи на ЕУ за носење на одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Попладнево тие ќе имаа средба со претседателот Стево Пендаровски. За утре е предвидена нивна средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
На средбата Димитров, меѓу другото, ќе има можност да ги извести соговорниците за наодите на Европската комисија во привремениот извештај од 2 март, во кој се констатира дека Северна Македонија ги зголемила напорите и испорачала натамошни суштествени и одржливи резултати во клучните области идентификувани од страна на Советот на ЕУ во заклучоци од јуни 2018 година, притоа потврдувајќи ја како важечка препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ.