Сообраќајната несреќа, додаваат од ЦУК, се случила утрово во 09:30 часот по што веднаш била известена Територијалната противпожарна единица Битола. На местото биле испратени четири пожарникари со едно противпожарно возило
Цистерна со плин е превртена на патот во близина на битолското село Вашарејца, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Возачот на цистерната се здобил со лесни повреди и од страна на Итната медицинска помош е пренесен во битолската клиничка болница.
Сообраќајната несреќа, додаваат од ЦУК, се случила утрово во 09:30 часот по што веднаш била известена Територијалната противпожарна единица Битола. На местото биле испратени четири пожарникари со едно противпожарно возило.
Екипи на Министерството за внатрешни работи се излезени на терен, а за подигнување на цистерната се чека механизација.