Во време на воена состојба во Украина, ова според владата е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи
Превозот на стоки во патниот сообраќај меѓу Северна Македонија и Украина ќе се врши без дозволи до крајот на годината, одлучи денеска владата.
„На денешната седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на Украина и Република Северна Македонија, превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји“,
информира владината прес-служба.
Во време на воена состојба во Украина, ова според владата е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.
