Информацијата ја потврдија и министрите за надворешни работи на Холандија и Италија, Каспар Велдкамп и Антонио Тајани
Втората рунда иранско-американски преговори за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи во италијанската престолнина Рим в сабота на 19 април, јавија Ројтерс и Франс прес, повикувајќи се на иранските државни медиуми.

Преговорите повторно ќе се одржат со посредништво на Оман.
Иранска новинска агенција пред два дена, повикувајќи се на портпаролот на Министерството за надворешни работи во Техеран, објави дека разговорите ќе се одржат во главниот град на Оман, Мускат.
Портпаролот на италијанското Министерство за надворешни работи потврди дека втората рунда разговори меѓу Вашингтон и Техеран ќе се одржи во Рим.
Информацијата ја потврдија и министрите за надворешни работи на Холандија и Италија, Каспар Велдкамп и Антонио Тајани.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пред три дена изјави дека САД ќе го нападнат Иран доколку не успеат преговорите за нуклеарното оружје.
Според него, САД не сакаат тоа да се случи, но ќе го направат ако е потребно, за да го спречат Иран да произведе нуклеарна бомба.