Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење
Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.
Од кабинетот на Пендаровски потврдуваат дека претседателот добил покана од Бакингемската палата, ја прифатил и ќе оди на настанот.
Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, присуствуваше и на Државната погребна служба на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември минатата година.
За крунисувањето на 6 мај, поканети се шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Со церемонијата на крунисување ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква.
„Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе биде ориентирана кон иднината, а во исто време ќе биде вкоренета во долгата традиција и церемонијалот на монархијата“,
соопштија од кралското семејство кога го најавија настанот.
Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење.