Реакцијата на претседателот Рахман следи откако беше утврдено дека терористите кои извршија напад во концертна сала во Москва во петокот, поседувале патни исправи на државата Таџикистан
Претседателот на Таџикистан, Емомали Рахман во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин му потенцирал „терористите немаат националност“, откако беше утврдено дека терористите кои извршија напад во концертна сала во Москва во петокот, поседувале патни исправи на државата Таџикистан.
Рахман остро го осудил „суровиот и крвав напад“ и кажал дека „терористите немаат националност, ни татковина, ни вера“, соопшти таџикистанското претседателство.
Русија соопшти дека за нападот се уапсени 11 лица, вклучително и четворицата директни напаѓачи во концертната сала во предградието на Москва, и дека сите се странски државјани.
Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката организација „Исламска држава“ (ИД).
„Во овој момент на национална жалост во Русија, шефот на државата Таџикистан ја истакна солидарноста на сите граѓани на Таџикистан со рускиот народ“,
соопшти прес-службата на таџикистанското претседателство.