Делси Родригез ја осуди „криминалната, нелегална и нелегитимна агресија извршена против Боливарската Република Венецуела“ на 3 јануари

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека ќе се спротивстави на „агресијата на САД преку дипломатски средства“.
„Потврдив дека Венецуела ќе продолжи да се спротивставува на оваа агресија преку дипломатски канали“,
додаде таа кратко откако Вашингтон и Каракас ја објавија својата подготвеност за обновување на дипломатските односи.
За време на дигитално-виртуелниот состанок со претседателите на Бразил и на Колумбија, Лула да Силва и Густаво Петро, како и шпанскиот премиер Педро Санчез, Родригез ја осуди како што рече „криминалната, нелегална и нелегитимна агресија извршена против Боливарската Република Венецуела“ на 3 јануари, со бомбардирањето на САД.
Таа додаде дека дели заеднички став за „унапредување на поширока програма за билатерална соработка“ меѓу Венецуела и Соединетите Американски Држави, почитување на суверенитетот и вклучување во дијалог.
Во посебна изјава, привремената претседателка му се заблагодари и на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за неговата подготвеност да придонесе за развој на програма за дијалог меѓу САД и Венецуела заснована на почитување на меѓународното право.
