Вјоса Османи реагира во врска со самитот на неврзаните во Белград, нагласувајќи дека Србија го злоупотребува статусот на земја-набљудувач за, како што вели, да ја искриви вистината за Косово
Косовската претседателска Вјоса Османи реагираше денеска во врска со самитот на неврзаните, што се одржува во Белград, посочувајќи дека начителен број членки и на Движењето го имаат признаено Косово и ги повика другите „да не паѓаат на пропагандата на Србија“.
„Србија продолжува со напорите да ја поткопа државата Косово со лажни наративи и аргументи. Под водство на Слободан Милошевиќ, Србија предизвика насилно распаѓање на Југославија, геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во Косово, Босна и Херцеговина и Хрватска, како и флагрантно кршење на основните принципи. Меѓународниот суд на правдата во 2010 година потврди дека прогласувањето независност на Косово не го крши меѓународното право. Затоа ги повикувам сите држави од Движењето на неврзаните кои не го признаваат Косово да се водат од ова толкување на Меѓународниот суд на правдата, а не од пропагандата на Србија, која не се ослободи од менталитетот на Милошевиќ”, .
напиша Османи на Фејсбук.
Таа бара Србија да се откаже, како што вели, од поткопување на меѓународната позиција на Косово.
„Со цел да придонесе за добрососедските односи меѓу двете земји, Србија мора да се откаже од напорите да ја поткопа меѓународната позиција на Косово преку лобирање против членството на Косово во меѓународни организации и со кампања против признавање на независноста на Косово од другите држави“,
наведува Османи.
