Неколку претседатели на држави членки на ЕУ објавија отворено писмо во кое повикуваат брза кандидатура на Украина за членство во ЕУ, врз основа на барањето кое го потпиша украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Гардијан“.
„Ние претседатели на држави членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска Словачка и Словенија цврсто веруваме дека Украина заслужува веднаш да добие перспектива за членство во ЕУ“,
пишува во отвореното писмо.
Во писмото се упатува и повик до ЕУ да се овозможат чекори кои ќе помогнат во тоа „Украина веднаш да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ и да се отвори процесот на преговори“.
Европскиот парламентот соопшти дека утре ќе ја разгледува резолуцијата за забрзано одобрување на статусот на кандидат за членство на Украина во ЕУ.