Како што соопштија од ОЈО ГОКК, станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело лихварство и перење пари
Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Оттаму велат дека под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, претресите ги вршат единици на Министерството за внатрешни работи (МВР), а станува збор за сомнежи за лихварство и перење пари.
„Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело лихварство и перење пари“,
пишува во соопштението од ОЈО ГОКК.
Повеќе детали за акцијата ќе бидат споделени со јавноста по нејзиното завршување.