Според неофицијални информации објавени од дел од медиумите, во акцијата е приведен Ратко Капушевски – поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и актуелен бизнисмен и генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенти и нафтени деривати. Повикувајќи се на полициски извори, дел од медиумите објавија дека во акцијата е приведен и Асмир Јахоски – сопственикот на „Пуцко Петрол“
На повеќе локации во Скопје и низ државата во моментов се врши акција координирана од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со кривични дела за сомнителни набавки на деривати.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, МВР во координација со ОЈО ГОКК по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето“,
наведуваат од МВР.
Од Министерството не изнесуваат повеќе детали за акцијата.
Според неофицијални информации објавени од дел од медиумите, во акцијата е приведен Ратко Капушевски – поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и актуелен бизнисмен и генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенти и нафтени деривати. Повикувајќи се на полициски извори, дел од медиумите објавија дека во акцијата е приведен и Асмир Јахоски – сопственикот на „Пуцко Петрол“.